ЗА НАС
ИСТОРИЈА ЗА КОМПАНИЈАТА
Компанијата ВИП ПРОЕКТ, која што е основана во 2009 година, претставува млада но успешна комапија на македонскиот пазар, која се бави со изведување на различни услужни дејности од областа на градежништвото, градежно занаетчиските работи, како и трговијата со опрема и материјали.
Во склоп на ВИП ПРОЕКТ, како ќерка фирма работи и АМГ Едилха со искусен тим од триесет работници (зидари, армирачи, плочкари, молери, бравари) предводени од искусни архитекти и инжинери за изведба како на своите така и на други објекти.
ВИП ПРОЕКТ се роди од потребата првата класа на материјали и квалитетната изработка да бидат со попристапни цени и достапни до сите наши потенцијални клиенти.
Постоиме за да ги оствариме желбите и потребите на нашите клиенти, кои што се и ќе останат наш врвен приоритет и се стожерот околу кој се насочува целата наша креативност и енергија.
Со нашиот стручен кадар и опремата со која располагаме подготвени сме да излеземе во пресрет на секаков тип на задачи и предизвици поставени пред нас од страна на клиентите. Квалитетот на извршените работи и запазувањето на договорените рокови се врвни приоритети во нашето работење.
MИСИЈА и ВИЗИЈА
Нашата компанија ВИП ПРОЕКТ за мисија си го зеде нудењето на решенија кои целосно ќе ги задоволат потребите на нашите клиенти, додека наша визија е постојано унапредување на нашите услуги во градежништвото.
Поврзете се со ВИП ПРОЕКТ