Расте бројот на издадени одобренија за градба

973278_569769166379428_1892404873_n.jpg

Надлежните служби во април годинава издале 241 одобрение за градење , што е зголемување за 20,5 отсто во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2,7 милијарди денари што е за 23,4 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 190 или 78,8 отсто се наменети за објекти од високоградба, 21 односно 8,7 отсто за објекти од нискоградба и 30 т.е. 12,5 отстоза објекти за реконструкција.

Од вкупно 241 објект, на 187- 77,6 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 54 објекти односно 22,4 отсто инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 391 станови, со вкупна корисна површина од 34.818 метри квадратни.

Извор: Faktor.mk

Оставете коментар

Invalid fields полиња кои мора да се пополнат

Партнер на Вип Проект

edilxa3

Поврзете се со ВИП ПРОЕКТ

Последни проекти

Услуги

© 2013 ВИП Проект | Сите права се задржани!