Градежните дозволи од понеделник ќе се вадат само електронски

0593013c-eeb4-4a24-8867-1e750692d250

Од 3 јуни понеделник почнува електронското издавање на градежните дозволи. Целиот процес од аплицирање, јавно наддавање за фирмите и давање на дозволи ќе биде по електронски пат. Системот е веќе подготвен, општините едуцирани се очекува на овој начин да се значително да се поедностават постапките за издавање.

Преку овој систем тој што аплицира ќе има целосен увид во постапката, дали некаде документите му се заглавени или следниот чекор што треба да го направи.

Одобрението за градба се издава максимум а 45 дена но според ресорниот министер Јанакиевски се очекува електронскиот систем да ја скрати процедурата.

На состанокот во ЗЕЛС се разговараше и за можноста општините да ги забрзаат постапките за правење на ДУП-овите за да се формираат повеќе парцели за индивидуално домување до 300 метри квадратни.

Извор: Faktor.mk

Оставете коментар

Invalid fields полиња кои мора да се пополнат

Партнер на Вип Проект

edilxa3

Поврзете се со ВИП ПРОЕКТ

Последни проекти

Услуги

© 2013 ВИП Проект | Сите права се задржани!