Еден стан во Скопје колку три во Пехчево

220698_206519102704438_2860092_o.jpg

Најмногу се продаваат најскапите станови и куќи во главниот град, а евтините недвижности во малите места во источна Македонија со години чекаат купувачи.

За еден стан во Скопје може да се купат три исти такви во Малешевијата, покажува споредбата на цените што ја направи „Дневник“. На пример, за стан од 60 квадрати во главниот град треба да се издвојат околу 50.000 евра, а за истата квадратура во Берово некогаш се доволни и 18.000 евра.

Иако разликата меѓу цените на недвижностите во различните региони од земјава е драстична, продажбата цути само во метрополата и уште во неколку поголеми града. Интересно е што најмногу се продаваат најскапите станови и куќи во главниот град, а евтините недвижности во малите места во источна Македонија со години чекаат купувачи.

Атрактивноста на Скопје како главен економски центар во државата с` уште е главен мотив за граѓаните да бараат да купат недвижности тука. Но, побарувачка и високи цени има и во Охрид, Битола, Струмица, Тетово и во Гостивар. Генерално, во сите овие градови цените се движат од 500 до 1.500 евра за квадрат, во зависност до видот на градбата, квалитетот и од локацијата. За разлика од централниот и западниот дел од земјава, цените во делови од источна Македонија се драстично пониски и се движат од 300 до 900 евра. Иселувањето на луѓето од овие делови, економската неатрактивност и слабата побарувачка, се главните причини за ниските цени во овој дел на земјата.

Извор: Dnevnik.mk

Оставете коментар

Invalid fields полиња кои мора да се пополнат

Партнер на Вип Проект

edilxa3

Поврзете се со ВИП ПРОЕКТ

Последни проекти

Услуги

© 2013 ВИП Проект | Сите права се задржани!